• Sat. May 18th, 2024

При крај реконструкцијата на објектот во населбата Касарна

ByВане Трајков

Mar 12, 2020

Во завршна фаза се реконструктивните работи на објектот во населбата Касарна, кој има корисна површина од 100 квадратни метри и дворна површина од 1.600 квадратни метри, што Општина Гевгелија му го додели на користење на Центарот за деца со посебни потреби „Мајка Тереза“. Оттаму велат дека објектот ќе се користи за работилница за креирање и изработки, како и за надворешни сензорни работилници.

– Со овој објект добиваме можност за проширување на нашата активност, бидејќи имавме потреба да направиме простор кој ќе биде наменет за работно оспособување на повозрасните наши корисници кои наместо по три, тука ќе престојуваат по пет часа дневно – изјави Димитар Ташев, раководител на Центарот.

Во дворот на објектот ќе има повеќенаменско игралиште, фитнес справи, овошна и зеленчукова градина, мини фарма и креативна работилница.

Извор: МИА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *