• Mon. May 20th, 2024

При знак за запирање, од возилото фрлил неколку ќесиња со марихуана, уапсен 35-годишник од радовишко

ByЃ. K.

Sep 14, 2023

На 13.09.2023 во 18.00 часот на регионален пат Радовиш – село Воиславци, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Е.Г.(35) од село Бучим, радовишко.

При знак за запирање, даден од полициските службеници, тој од возилото „форд“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал, фрлил неколку ќесиња со марихуана, кои биле пронајдени и одземени. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

By Ѓ. K.