• Wed. May 15th, 2024

Преосветена Црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија

ByВане Трајков

Sep 19, 2021

Денеска, со архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски, г. Агатангел, со членовите на Светиот Архиерејски Синод при Македонската православна црква- Охридска Архиепископија, Високопреосветениот Митрополит на Преспанско Пелагониската епархија, г.Петар, Високопреосветениот Митрополит на Брегалничката епархија, г. Иларион, Високопреосветениот Митрополит на Европската епархија, г. Пимен, како и свештенството на Повардарската епархија, беше преосветена Црквата „Свети Кирил И Методиј“ во Гевгелија, по што се отслужи и света Божествена литургија, со учество на градскиот мешан хор „Гортинија“.

Пред многубројните верници, по преосветувањето на Црквата „Свети Кирил и Методиј“ која е комплетно внатрешно преуредена, и со нов фрескоживопис, Митрополитот Повардарски, г. Агатангел истакна

„Посебна чест и радост ми претставува што е преосветен овој духовен светилник кој е посветен на светите рамноапостоли и сесловенски просветители, Кирил и Методиј. Храмот е место каде сеприсутноста на Бога е посебно изразена, затоа што тоа е Божји дом, во кој што господар е самиот Бог а свештениците се „управници на тајните божји“.Храмот е спасоносен брод, каде што се одмараме од надворешното себељубие и интерес, од сите животни бури, а се предаваме на љубовната топлина што ни ја даваат Христос и неговите светители, пристаниште во лое човек наоѓа мир и заштита.Спасителот, Господ Исус Христос да го помилува нашиот народ, а овој обновен духовен горостас во срцето на Гевгелија нека биде симбол на непоколебливата вера на македонскиот народ и нова надеж за уште поголем духовен и егзистенционален раст на градот и неговите жители,.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *