• Sun. May 19th, 2024

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди пренесен во болница

ByЃ. K.

Apr 23, 2024

На 22.04.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Димитрија Чуповски“ во Скопје патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(40) од с.Лозово, велешко, удрило во пешакот И.С.(47) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

By Ѓ. K.