• Sun. May 19th, 2024

Превентивни активности за безбедност во сообраќајот во ООУ „Сандо Масев“

„Вози мотор, но биди безбеден„ и „Со безбеден велосипед- безбедно во сообраќајот“ се двете капмапи кои секторот за превенција при СВР Струмица ги спроведува во основните училишта во градот. Во соработка со мото клубот „Цар Таурус“ и велосипедскиот клуб Струмица, денеска повеќе за безбедноста во сообраќајот учеа деветтооделенците од „Сандо Масев“.

Од велосипедскиот клуб Струмица, велат дека воопшто сообраќајнјата култура во Струмица и лоша и дека треба да се работи на континуирана едукација.

И моторџиите од клубот „Цар Таурс“ велат дека особено им пречи возењето мотори без заштитна опрема.

По неколкуте сообраќајни несреќи со човечки жртви во кои учесници беа и мотори, СВР Струмица спроведе засилени контроли. Само на 16 август во периодот од 19 часот до 01 по полноќ полицијата открила 32 прекршоци и 6 останати прекршоци меѓу најмногу дури 15 биле за некористење заштитен шлем или кацига како и за нерегистрирани мотори, необновена полиса, возење без возачка дозвола. Секторот за превенција, подели и промотивни флаери, а акцијата ќе се спроведи во сите училишта во Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *