• Thu. May 16th, 2024

Прва фудбалска лига: АП Брера Струмица го претрпе првиот пораз

ByЃ. K.

Aug 28, 2023

Екипата на Брегалница во Штип ѝ го нанесе првиот пораз на АП Брера Струмица во рамките на 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Со максимален ефект продолжува Шкендија која во Маџари го совлада Работнички со голови постигнати во судиското надополнување.

Резултати:

Брегалница – АП Брера Струмица 1:0

Работнички – Шкендија 1:2

Шкупи – Гостивар 3:1

Силекс – Македонија ЃП 2:2

Тиквеш – Воска 1:1

Натпреварот Струга ТЛ – Вардар е одложен поради учеството на стружани во плејофот за Конференциската лига на УЕФА.

Табела: Шкендија 12 бодови, Брера 12, Брегалница 9, Шкупи 8, Тиквеш 7, Силекс 6, Работнички 6, Македонија ЃП 5, Воска 4, Струга ТЛ 3, Гостивар 3, Вардар 1

By Ѓ. K.