• Fri. May 17th, 2024

Почна со наплата на патарина кај Смоквица

ByВане Трајков

Aug 26, 2019

Од утрово почна да се наплатува на новата патарина на автопатот Демир Капија-Смоквица, информираа од Авто-мото сојузот на Македонија. Цената е 100 денари за возила, со што оваа патарина е најскапа во земјава.

На патарината кај Смоквица има 10 наплатни рампи, односно пет кон Гевгелија и Грција и исто толку кон Скопје. На патарината е инсталирана опрема за наплата со картички.

Патарината кај Смоквица почнува со работа откако Јавното претпријатие за државни патишта го пушти во употреба споредниот пат до Гевгелија за жителите на околните села.

Автопатот Демир Капија-Смоквица беше пуштен во употреба на 23 април лани. Оваа делница од автопатот е долга 28,2 километри, а изградбата чинеше 218 милиони евра, и плус 10 милиони евра за надзор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *