• Sat. May 18th, 2024

Почна пријавувањето на екипи за турнирот во мал фудбал во Василево вреден 200 илјади денари

ByВане Трајков

Dec 10, 2018

По повод Новогодишно-Божиќните празници, во Василево се организира традиционалниот ноќен Новогодишно-Божиќен турнир во мал фудбал што ќе започне на 17-ти декември 2018 година.

Пријавувањето започнува од 10.12. 2018 и ќе трае до 16.12.2018 година до 16,00 часот.

Одредувањето на паровите за игра ќе се изврши на 16.12.2018 во 17,00 часот во просториите на Спортска сала во Василево

Котизацијата за учество изнесува 5000 денари за сениори и 3000 денари за кадети.

Според правилата, право на учество имаат само екипи од Струмичко-Радовишкиот регион. Екипите треба да бројат од 6 (шест) до максимум 10 (десет) играчи.

Вкупниот награден фонд изнесува 200 000 денари.

Натпреварите ќе се играат во спортската сала на ООУ„Гоце Делчев“, во Василево со почеток од 18,00 часот.

За пријавување учество и дополнителни информации заинтересираните треба да се обратат кај организаторот на телефонскиот број 077 531 592.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *