• Sat. May 18th, 2024

Потпишан договор за изградба на спомен обележјето на Тоше Проески во Крушево

Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, денеска во Министерството за култура го потпиша договорот за изградба на гробното место на поп иконата Тоше Проески.

Од владата се доделени 10 милиони денари за овој проект, а градоначалникот Христоски извести дека веднаш започнува постапката за имплементација на проектот.

„Ние веќе работиме на целосната процедура за изградба на спомен обележјето и сега по потпишувањето на договорот ги продолжуваме активностите се до реализација на долго ветуваното градење на гробното место. Конечно, благодарение на Владата, ќе го изградиме спомен-обележјето и така Тоше ќе има достојно вечно почивалиште“, изјави градоначалникот Христоски по потпишувањето на договорот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *