• Sun. May 19th, 2024

Поразениот Металург Јуниор изненаден од голманот на Астраион – Васил Гогов кој пак вели : Сите сме заслужни за победата !

Силно одекна победата на астраионци против јуниорите на Металург во ракометните кругови на Македонија. Металург Јуниор го доживеа првиот пораз од струмичките ракометни надежи каде со 18 одбрани брилираше голманот Васил Гогов.

,,Не надиграа во сите елементи на ракометот, држевме чекор колку толку но голманот што бранеше, секоја чест. Ни ги уништи сите надежи за поволен резултат,, изјави по натпреварот Благојче Бесиќ

Астраионци славеа со 24:17 а има преднос и од 11 гола (21:10) . Гогов имаше дури 18 интервенции а одбрани и неколку седмерци

,, Тие 18 одбрани нема да ги постигнам без одбраната и целата екипа,, кусо кажа Гогов

Димитар Пандев стратегот на Астраинци кусо кажа дека овој ракометен клуб и проект се покажа доста успешен и го радува фактот што публиката почна да се врака на ракометните дуели

Еве што кажаа по дуелот Астраион – Металург Ј – Димитар Пандев, Васил Гогов и тренерот на Металург Ј. Благојче Бесиќ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *