• Tue. May 21st, 2024

Помладите пионери У16 од тимот на Брера се пласираа во големото финале

ByЃ. K.

Apr 17, 2024

Помладите пионери У16 од тимот на Брера се пласираа во големото финале од купот на Р. Македонија.

Момците предводени од тренерот Тони Атанасов, со една динамична и борбена игра ја победија екипата на Фк Шкендија со резултат од 3:1.Стрелци за екипата на Брера беа Матеј Сејменов, Иван Танчев и Габриел Талески.

Голема поддршка на средбата дадоа и спортскиот директор на младинските карегории Сашко Пандев и легендата на македонскиот фудбал Горан Пандев.

By Ѓ. K.