• Sun. May 19th, 2024

Пожарот кај Костурино ставен под контрола, се гаси со 6 возила од Струмица и Валандово

ByВане Трајков

Sep 20, 2021

Попладнево во атарот на насленото место  Костурино каде биле складирани поголемо количествo отпадни гуми, изби голем пожар. Видеото што го испрати наш гледач преку апликацијата ,, ГРАЃАНСКИ НОВИНАР’’ се забележува голем густ црн чад со пламени јазици кои се закануваат и по околните објекти .

Според информациите од струмичката противпожарна единица, веднаш било излезено на терен. Пожарот прво се појавил на стрниште при што ги зафатил отпадните гуми кои биле складирани на една локација. Како што не инфомираше Александар Гудев командир на ТППЕ Струмица се интервенира со 6 противпожарни возила и 20 тина пожарникари како од Струмица така и од Валандово. Пожарот е ставен под контрола но гаснењето и целосно ликвидирање на пожарот  одело тешко заради  гумата како матријал што гори. Нема повредени ниту пак е дозволено пожарот да се прошири на околните објекти .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *