• Sat. May 18th, 2024

Поевтинуваат горивата

Од ноќеска на полноќ горивата ќе поевтинат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензинот еуросупер БС-95 и на еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за половина денар на 65,5 односно на 57,5 денари за литар.

Цената на еуросупер БС-98 ќе се намали за еден денар на 67,5 денари за литар.

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,5 денар на 46 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,028 денари на 32,894 денари за килограм.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *