Вчера, во попладневните часови, на патниот правец Гевгелија-Негорци, од десната страна на самиот коловоз, непознат сторител подметнал пожар со потпалување бала сено. Од страна на минувач, пожарот е пријавен до ТТПЕ- Гевгелија, по што службите веднаш интервенираа со нормализирање и гаснење на предизвиканиот пожар.
– Во сета околност, помогнаа и временските услови да не дојде до ширење на пожарот и зафаќање на зелената површина и дрвјата што се наоѓаат до коловозот на овој патен правец, со што за краток временски период успеавме да го изгаснеме пожарот, истакнаа службите од ТТПЕ- Гевгелија.
Општина Гевгелија апелира до граѓаните на општина Гевгелија на свесност кога станува збор за намерно подметнување пожари бидејќи можат да предизвикаат штети од голем размер, со кои може да се загрози и човечкиот живот.