Спорт

По шест порази Влаикидис си даде оставка, Атанасов нов тренер кој треба да донесе победа на КК Струмица

Грчкиот стратег Власис Влаикидис веќе не е тренер на првиот тим на КК Струмица. По шестте порази Влаикидис си поднел оставка а управата на клубот ја прифатил по што на тренерската позиција го назначил досегашниот помошник и асистент на Влаикидис- Васко Атанасов

Васко Атанасов е млад  тренер со ФИБА лиценца  и ќе има за задача  веќе во Битола да ја оправда довербата на управата и да ја донесе првата победа на КК Струмица за ова сезона.  Атанасов минатата година работеше во КК Јуниор во Скопје  а претходно го водеше молдавски Адмиралс.

КК Струмица  остана и без услугите на крилниот играч Антонио Бишоп чија повреда била посериозна од оние првични очекувања.

Струмичкиот кошаркарски прволигаш ова сезона нема победа а разочарувањето стаса откако на свој терен беше надигран од ославениот Кожув од Гевгелија

 

Препорачуваме:

Академија Пандев во Европа ќе дебитира против Зрињски од Мостар Босна

Ване Трајков

Струмичанецот Зоран Андонов е новото засилување на Брера Струмица

Ѓ. K.

Меморијален турнир во пинг-понг „Киро Велков“

Сузана Мицева