Спорт

По првиот бараж, Академија Пандев и Хоризонт Турново блиску до Втора лига

Фудбалерите на Академија Пандев забележаа победа во првиот бараж дуел за пласман во Втората лига. Попладнево во Кочани го совладаа кумановски Гоблен со резултат од 2:1.  Двата гола за пандевци ги постигна Зоран Златески.  Второлигашкиот статус треба да го заверат во недела кога се игра вториот Бараж натпревар со Гоблен но според прикажаната игра, Академијата е на еден чекор до посакуваната Втора лига

По денешните бараж натпревари,  до второлигашки статус близу е и Хоризонт Турново кој во Скопје изгуби од Пелистер со 2:1. Резултатот не е реален одраз на играта бидејки битолчани и двата погодока ги реализираа од пенал . За турновчани голот  го постигна Сашко Пандев. Турновци немаат намера да го предадат прволигашкиот статус и во вториот бараж најавуваат убедлива победа.

Препорачуваме:

Фудбалско чудо: Македонија ја победи Италија со 1-0 во гости

Сузана Мицева

Викендот на Младост – Беласица КУП 2016 за млади фудбалери

Ване Трајков

Зивчевиќ и Брчков во КК ,,Струмица,,- се прави тим за победи !

Ване Трајков