• Sat. May 18th, 2024

ПМФЛ: Брера го совлада шампионот Струга

ByЃ. K.

Nov 11, 2023

Во дерби натпреварот од 14-то коло во ПМФЛ, АП Брера Струмица попладнево му нанесе пораз на актуелниот шампион Струга со конечен резултат 2:1.

Вардар претрпе пораз на домашен терен од директниот конкурент во борбата за опстанок Воска (1:2), Гостивар ја совлада Брегалница (1:0), а Шкендија ги освои трите бодови во дуелот со Тиквеш (1:0) и бодовно се израмни со лидерот на табелата Шкупи.

Прволигашкото коло ќе биде комплетирано в недела со дуелите меѓу Силекс – Шкупи и Македонија ЃП – Работнички.

Табела: Шкупи 28, Шкендија 28, Струга 27, Силекс 20, Брера 19, Гостивар 18, Тиквеш 16, Работнички 16, Воска 16, Македонија ЃП 15, Брегалница 14, Вардар 11.

By Ѓ. K.