• Mon. May 20th, 2024

Пинда го промовираше идејното решение за изградба на нов стадион

ByВане Трајков

Sep 11, 2020

Првиот човек на ФК Беласица Славчо Васков го престави предлог идејното решение за новиот стадион во Струмица кој ќе го носи името на Благој Истатов за кој не прецизираше кога ќе почне да се гради, со оглед дека е во државна сопственост а на ФК Беласица е даден под концесија до 2037 година.  Според предлог  идејното решение на Владимир Ѓеоргиевски архитект од Скопје, трибините ќе биде со димензиите на постоечката која се изгради за време на Таковски , ќе треба да се остранат сегашните монтажни трибини и рефлектори и одново да се градат источната западната но и северната трибина.  Стадионот  ќе бил енергетско ефикасен, со спортски центар со два базенти и две сали. Идејното решение чека дозвола од УЕФА и можни се корекции а во меѓувреме Славчо Васков сака да го откупи стадионот за да го гради по новото идејно решение

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *