• Sat. May 18th, 2024

Петар Јакимов од Работнички се сели во струмичка Беласица

ByЃ. K.

Feb 9, 2024

Очекувајќи го продолжението на сезоната во ВМФЛ, Беласица добива уште еден млад и перспективен играч кој ќе биде свежина на голманската позиција за играчите од Струмица.

Беласица го претстави Петар Јакимов како свој нов играч, кој е стандарден репрезентативец на Македонија во категоријата до 19 години.

Јакимов се придружува на Беласица од Работнички и ќе игра на позајмица до крајот на сезоната.

By Ѓ. K.