• Tue. May 14th, 2024

Пендаровски во Југоистокот води со околу 1400 гласа пред Силјановска Давкова

ByВане Трајков

Apr 22, 2019

Според информациите од ДИК кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски во Југоистокот по првиот круг, победи во општините Струмица , Дојран , Богданци, Конче

Канидатот на ВМРО ДПМНЕ за претседател Гордана Силјановска Давкова според првичните информации на ДИК, победи во Радовиш , Гевгелија, Валандово , Василево ,Босилово и  Ново Село

Но ако се сумират резултатите на ниво на југоистокт, Пендаровски има освоено 34 434 гласови додека Силјановска Давкова 33 038 што е околу илјада и 400 гласа во корист на Пендаровски пред се благодарение на огромната разлика во Струмица каде Пендаровски славеше со разлика од 3 300 гласови

На ниво на југоистокот Блерим Река освои околу 600 гласови а околу 2700 гласачки ливчиња се неважечки покажуваат првичните податоци од ДИК за југоистокот каде излезноста беше најголема во Гевгелија а во Радовиш најслаба

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *