Спорт

Пандевци – Шампиони и на Струмица и носат прволигашки фудбал !

Академија Пандев го крена Шампионскиот пехар од Втората фудбалска лига на Македонија и на Струмица по пауза од повеќе години и носи прволигашки фудбал. Тие денеска го одиграа последниот второлигашки меч со тимот на Скопје кој  исто како и ,,пандевци,, идната сезона ќе бидат дел од македонската фудбалска елита.

Денеска својата играчка кариера  ја заврши поранешниот македонски репрезентативец и играч на Академија Пандев- Драган Начевски кој сепак, останува во клубот да работи со младите категории. Тој е еден од најзаслужните за пласманот на Академија Пандев во ПМФЛ

За супериорноста на Академија Пандев оваа сезона зборува фактот што речиси од првото до последното коло беа лидери во Втората лига. Со постигнати  69  голови а примени 23 имаат 15  бода  во однос на второпласираниот Скопје.

Препорачуваме:

Иван Николоски се врати во Беласица

Ване Трајков

Видео – Во Струмица се одржува камп за млади фудбалери под капата на Арсенал

Струмица се прошета до Лешок за третата победа

Ване Трајков