• Fri. May 17th, 2024

Пандевци со една нога во полуфиналето од Купот- славеа против Теткс со 2:0

Академија Пандев обезбеди огромна предност пред реванш дуелот од четвртфиналето од Купот на Македонија откако денеска во Тетово со играч помалку славеше со 2:0. Пандевци ја имаа доминацијата во овој натпревар и победата ја најавија во  првото полувреме кога поведоа со 1:0.

Во второто повторно ја затресоа мрежата на домаќините иако имаа играч помалку заради два жолти картони на Атанасковски но Балдовалиев во 83 минута ги постави конечните 2:0

Ревашот е на 29 ноември по што ќе се знаат четирите екипи што ќе играт за КУП титулата и полуфиналните двојки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *