• Sat. May 18th, 2024

Пандевци поразени дома, Беласица ремизираше кај Работнички

Академија Пандев претрпе пораз од Шкендија на стадионот Младост во Струмица. Не успеа да го издржи притисокот што го наметнаа избранците на Ќатим Османи уште со почетокот на средбата. Притисокто на гостите вроди со плод во 30 тата минута кога Муслиу со глава го надмудри Чубраковиќ. Велинов во два наврати имаше одлична шанса да израмни но неговите удари завршија со пречките.

Беласица успеа да извлече бод на гостувањето во Скопје против Работнички. Струмичките сино бели со голот на Денковски го отворија резултатот но набргу домаќините возвратија за кончени 1:1. Со ова реми и освоен бод, Беласица има шанси веќе следното коло со победа над Силекс да се најде на осмото место и полека да се искачува кон средината на табелата и да ја избегне опасната зона

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *