• Wed. May 15th, 2024

Пандевци не се пласираа во големото финале од Купот – пелистерци подобри во пенал рулетот

ByВане Трајков

Apr 11, 2018

Фудбалерите на Академија Пандев не се пласираа во големото финале од КУПОТ на Македонија. Пенал завршницата одлучи за противникот на тетовска Шкендија за 9 мај а тоа е Пелистер од Битола.

Инаку натпреварот заврши со 2:1 за пандевци, резултат идентичен во првиот дуел. Пелистерци поведоа но Aкадемијата преку Јани Атанасов и Марио Крстевски донесоа пресврт

Во првата серија од пет пенали епилогот беше 2:2 иако Марио Крстевски ја имаше можноста да го обезбеди финалето.

Во продолжение Дориев промаши но Истатов одбрани во шестиот круг. Во следниот  Атанаскоски не успеа да постигне гол од белата точка а Ристе Маркоски донесе победа од 3:2 во пенали за битолчани

Пандевци доколку славеа победа ќе испишаа историја но ќе им се насмевнеше и фудбалска европа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *