• Mon. May 20th, 2024

Отпочнаа подготвителни активности за асфалтирање на две улици во Василево

ByЃ. K.

Dec 29, 2023

Последниот работен ден од 2023 година во Општина Василево завршува со реализација на уште еден ветен проект.

Отпочнаа подготвителни активности за асфалтирање на две улици во Василево. Градоначалникот Славе Андонов истакна дека со ова се решава децениски проблем на граѓаните.

Во наредната година за населеното место Василево се проектираат да се асфалтираат повеќе улици но приоритетна ќе биде улицата од Културниот Дом до 11 Септември на која во изминатиот период се изведуваа градежни активности за поставување на фекална канализација. Се подобрува патната мрежа во сите населени места, а приоритет добија оние места каде што до сега никогаш немало асфалт.

By Ѓ. K.