• Sat. May 18th, 2024

Основци од ООУ,,Никола Вапцаров докажаа дека знаат што е хуманост

Ќе научат да вреднуваат,ценат и почитуваат да поделат со послабите да подадат рака кон секој кој има потреба.60 тина основци од ООУ ,,Никола Вапцаров ,, денес на дело покажаа но и дадоа пример како 10 годишници со своите учителки спроведуваат хуманитарна акција.Поттикнати од сторија на една од националните телевизии во која солзите на две дечиња 7 и 10 годишни биле силни и допрле до нив се организирале па решиле да поделат со оние на кои им треба.Велат веќе знаат што е хуманост.

Велат се што издвоиле и решиле да го донираат ги направило среќни , ја научиле лекцијата за хуманоста.

Децата денес покажаа на дело какво е чувството на поддадена рака но велат дека сите луѓе несебично треба да се водат од добрата мисла.

На Огнен и Марија , децата кај кој ќе заминат пакетите им посакаа безгрижие , љубов и секогаш насмевки на ниовните лица.

НЕсебичноста ја потикнале двете одделенски наставнички кои чувството за хуманост го поделиле со децата па успеале за само два дена да спремат храна ,облека , хигиенски средства па се до играчки и училишен прибор.

Донираната храна за два дена ќе пристигне кај дечињата во Скопје.А како што порачаа и струмичките основци денес кои не ги криеја чувставата на среќа се надеваат дека возрасните ќе стануваат се посвесни дека понекогаш и за нас неважното нешта некому значи живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *