• Sun. May 19th, 2024

Основните училишта од Струмица учествуваа на Меѓуопштински натпревари во ФУТСАЛ

ByЃ. K.

Oct 18, 2023

На 17 октомври започнаа Меѓуопштинските натпревари во ФУТСАЛ за основни училишта во машка конкуренција на Меѓуопштинска натпреварувачка целина СТРУМИЦА со општините: Василево, Босилово и Ново Село, на кои пријавени се и учествуваат 16 училишни екипи поделени во 4 квалификациони групи со по 4 екипи.

На првиот турнир за групата А кој се одржа во спортската сала на ООУ Никола Вапцаров во Струмица, учествуваа 4 екипи и беа постигнати следните резултати:

Никола Вапцаров Струмица — Св.Кирил и Методиј Дабиле 1:3

Маршал Тито Струмица – Гоце Делчев Босилово 6:4

3-4 место: Никола Вапцаров — Г. Делчев Босилово 5:2

Финале: Св.Кирил и Методиј Дабиле – Маршал Тито Струмица 7 : 4.

By Ѓ. K.