• Tue. May 14th, 2024

Општина Струмица ќе додели 800 илјади денари помош за Турција и Сирија

ByВане Трајков

Feb 23, 2023

Општина Струмица ќе додели финансиска помош за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија во висина од 800 илјади денари. Ваква одлука донесе Советот на општината на седницата што денеска се одржува во АРМ.

Како што беше кажано од Буџетот на општината ќе бидат издвоени средства во висина од по 400 илјади денари за настраданите и во Турција и во Сирија

Катастрофалниот земјотрес  се случи на 06.02.2023 и ги зафати пограничниот регион на  Турција и Сирија, при што загинаа над 40 илјади жители а илјадници објекти се срушени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *