• Mon. May 20th, 2024

Општина Струмица заедно со бугарската Петрич ќе аплицираат за добивање грант од ИПА за уредување парк во населба „Карпош“

ByЃ. K.

Sep 12, 2023

Советот на општина Струмица на денешната седница донесе Одлука за изработка и спроведување на проект со кој општина Струмица ќе аплицира за добивање на неповратни финансиски средства на отворениот повик за инвестициски проекти од Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ на програмата Interreg (VI-A) ИПА меѓу Република Бугарија и Република Северна Mакедонија 2021-2027 година.

Проектниот предлог е со наслов „Зелен пулс во прекуграничниот регион“ во кој партнери се општините Струмица и Петрич.

Со овој проект ќе се уредува парк во населбата Карпош со површина од 12.717 метри квадратни кое опфаќа: подготовка на земјата, поставување на систем за наводнување, засадување на садници, поплочување на зони за движење на посетители, уредување на зони за рекреација, инсталација на опрема за декоративно и парково осветлување, поставување на клупи и друга урбана опрема. З

Градоначалникот Костадин Костадинов изјави дека Општината се откажува од приходи во прилог на зголемување на зелените површини во градот.

-Очекуваме, нашата администрација како и досега квалитетно да го изработи проектот и можноста е општина Струмица да добие близу 500 илјади евра за новиот парк, кој е и барање на граѓаните од тој дел на градот. Важно е да се знае дека како Општина се откажуваме од близу 3 милиони евра приходи по основ на продажба на градежно земјиште и комуналии, а во насока на позелена и почиста Струмица, рече градоначалникот Костадинов.

By Ѓ. K.