• Thu. May 16th, 2024

Општина Ново Село добива нова механизација

ByЃ. K.

Dec 21, 2023

Општина Ново Село изразува огромна благодарност до Амбасадата на Швајцарија и Амбасадорката, Вероник Улман, УНДП и Постојаниот претставник на УНДП Армен Григоријан за набавката на нова механизација багер, трактор и приколка кои беа одбрани непосредно од граѓаните преку форумските сесии на проектот Форуми во заедницата

Проектот има за цел зајакнување на општинските совети, и претставува одлична алатка за успешно вклучување на граѓаните во процесот на дефинирање на проблемите и донесување одлуки со директно влијание на промените

Со директното вклучување, граѓаните на Општина Ново Село денес добија нова механизација и покажаа демократска зрелост со тоа што го прифатија процесот како модел за развој на општината.

By Ѓ. K.