• Sat. May 18th, 2024

Општина Дојран продаде три парцели во населбата Карач за сместувачки капацитети

Општина Дојранпо пат на јавно наддавање реализираше продажба на три градежни парцели во населбата Карач кои се со цел за подигање на сместувачки капацитети. Трите парцели се продадени за околу 16 милиони денари. Истите  беа со површина од 3 098, 3280 и 2 856 метри квадратни а почетната цена за метар квадратен изнесуваше 523 денари.

Согласно повикот најповолните понудувачи во рок од 15 дена од денот кога ќе год добијат решението дека се избрани,  треба да ги уплатат средствата и да се стекнат со право на сопственост и во рок од година дена треба да подигнат  одобрение за градба согласно Урбанистичкиот план за Карач и законската регулатива во земјава

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *