• Sun. May 19th, 2024

Општина Гевгелија ќе аплицира со Проект за изградба на нов урбан зелен парк

ByЃ. K.

Sep 7, 2023

Општина Гевгелија ќе аплицира со Проект за изградба на нов урбан зелен парк со урбана опрема и одредени содржини на отворениот Јавен повик за финансирање на предлог-проекти за инвестициони активности од ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија, по усвоената одлука од Советот на Општина Гевгелија за аплицирање на проектот, имплементација и обезбедување одржливост на последната 31. седница.

Всушност, овој предлог-проект е подготвен врз основа на партнерството и потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Општина Гевгелија заедно со Граѓанското здружение од областа на животната средина „Виртуелен инкубатор за иновиации и нови технологии – Винт Гевгеија“ од македонска страна и Општина Сапарева Бања од Република Бугарија, како водечки партнер во Проектот. Специфичната цел на овој Повик на ИПА-ППС е „Подобрување и зачувување на природата, биодиверзитетот и зелената инфраструктура, вклучително во урбаните средини и намалување на сите форми на загадување“.

Средствата за овој Проект се обезбедуваат од ЕУ (ЕРДФ И ИПА Фондови) и Национално кофинансирање од 15% од Министерството за локална самоуправа).

By Ѓ. K.