• Sat. May 18th, 2024

Општина Василево почна со есенско чистење на каналите во населените места

Механизацијата на ЈПКД „Турија“ Василево од денес е ангажирана на чистење на каналската мрежа низ населените места на општина Василево.  Се работи за превентивно, есенско чистење на каналите, со што  во услови на зголемени есенски врнежи би се створиле услови за собирање на атмосферските води како би се спречило евентуално излевање на водите  и поплавување на населените места и обработливите земјоделски површини. Денес конкретно е чистен одводниот канал во населеното место Ангелци, на потегот од селските гробишта до центарот на селото, во вкупна должина од околу 200 метри.

Како што информира градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев  ова не е само едно од неговите предизборни ветувања туку и активност која во моментот е од приоритетно значење заради можностите од зголемени есенски врнежи.

Со расчистување на каналската мрежа ќе се продолжи и во наредните денови. Според планот на активности механизацијата на ЈПКД „Турија“ во наредните денови ќе биде ангажирано во населените места Градошорци и Владевци, по што, како што информира градоначалникот Јанев, ќе се расчистуваат каналите во сите населени места каде што има потреба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *