• Mon. May 13th, 2024

Околу 80 матуранти од струмичките средни училишта денес полагаа математика

Денес матурантите го полагаа изборниот предмет од државната матура.
Од струмичките средни училишта повеќе од 80 матуранти се пријавиле за математика, од кои 47 од гимназијата “Јане Сандански“, 23 од средното техничко училиште, шест од „Димитар Влахов“ и десетина од приватното средно училиште “Јахја Кемал“. Сите ученици полагаа во струмичката гимназија, бидејќи од таму има најмногу пријавени за овој предмет. Од средните училишта велат дека испитот почнал навреме и се одвивал без поголеми проблеми.

За најголем дел од основците и средношколците утре е последниот училишен ден. Официјално завршува учебната 2015/2016 година, а матурантите кои нема да ја положат државната матура или ќе положат само еден предмет, ќе имаат втора можност на следниот испитен рок во август. Државната матура е услов за матурантот да продолжи со високo образование. Уписите на високообразовните установи и годинава ќе бидат во август.