Регион

Околу 2000 крводарувања остварил Црвениот крст од Струмица, во последните 12 месеци

2000 крводарувања има остварено Црвениот крст од Струмица во последните 12 месеци. Ова значи реализирање на 3 до 4 крводарителски акции месечно, односно околу 40 до 50 вакви акции годишно. Ова денес на прес конференција го изјави Љупчо Јанков од Општинската организација на Црвен крст, Струмица. По повод Светскиот ден на крводарителите, на 24 јуни ќе бидат доделени и благодарници на најредовните крводарители.

Општинската организација на Црвен крст, Струмица ќе организира повеќе активности и манифестации по повод Светскиот ден на крводарителите. Освен доделувањето на благодарници, ќе биде реализирана и изложба посветена на работењето на оваа организација.

Општинската организација на Црвениот крст од Струмица утре организира уште една крводарителска акцја, која ќе биде реализирана во струмичката полиција во периодот од 09 до 14 часот.

Препорачуваме:

Видео – Скенирањето на фискалните со Мој ДДВ, ја зголеми наплатата на овој данок во јули 2019 за 10 % повеќе од јули 2018, вели пратеникот Костадинов

Ване Трајков

Заврши екстерното тестирање-учениците и родителите можат да здивнат

Dimitar Micev

Се излеа река Струмица поплавени се неколку деловни објекти и куќи во општина Босилово

Ване Трајков