• Sun. May 19th, 2024

ОК Џио Струмица – есенски одбојкарски првак без ниту еден пораз и изгубен сет !

ByВане Трајков

Dec 22, 2018

Одбојкарите на Џио Струмица се без конкуренција во прволигашкиот одбојкарски шампионат на Македонија. Есенскиот дел од првенството го завршија без пораз и изгубен сет. Последни во низата на екипи што ја почуствуваа моќта на струмичани беше тимот на УГД од Штип кој од салата Партизан замина со пораз од 3:0 во сетови

Избраниците на Кире Ричлиев  вчера го одиграа и заостанатитот меч со тимот на Весна Пробиштип во кој исто така беа неприкосновени и славеа со 3:0 во сетови

Првата полуетапа струмичани ја завршија со вкупно 9 победи собраа вкупно 27 бода и веќе се најсериозни кандидати за освојување на шампионската титула. Зад нив се тимовите на Универзитет Тетово , Вардар од Скопје и Весна Пробиштип.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *