Спорт

ОК СТРУМИЦА – ШАМПИОНИ !!!!!

Одбојкарите на Струмица се новите ШАМПИОНИ на Р.Македонија. Тие и во третиот  финален меч докажаа дека се подобри од Пробиштип . Славеа со 3:0 во сетови за да ја освојат и втората титула во ова натпреварувачка сезона. Во ниту еден момент не беше загрозена победата на избраниците на Кире Ричлиев кои вечерва настапија без капитенот Васе Михаилов заради повреда

Но тука беа останатите кои блескаа пред домашната публика а блеснаа и со златните одличја и Шампионскиот пехар. Со освоената двојна круна Струмица докажа дека е најодбојкарскиот град во Македонија и најавија дека во следните десет години нема да биде отстапена титулата никому. Шампионскиот пехар на струмичани им го врачи првиот човек на Струмица Костадин Костадинов.

Препорачуваме:

ВИС СПОРТ – ЖФК ,,Тиверија’’ од Струмица на добар пат да ја освои ШАМПИОНСКАТА титула и да заигра на европска сцена !

По Работнички, пред рисовите падна и Прилеп – втора победа на Макс Струмица

Ване Трајков

Видео од четирите гола на,,Пандевци,, со кои го совладаа Пелистер во Битола