Спорт

ОК Струмица жени со реакција за судиите на третата средба од финалната серија со Работнички

„Срамно издание на судиската двојка Влатко Ристовски и Славчо Здравески во третиот натпревар од финалната серија во женската одбојкарска лига“, соопштија од ОК Струмица жени кои не успеаја да ја освојат Шампионската титула во пресметката со Работнички од Скопје кој ја одбрани титулата.

,,Решени беа да ја завршат серијата со 3:0 во полза на Работнички Скопје. За жал, успеа да ги извадат од колосек одбојкарките на Струмица, во клучни моменти со некоректни одлуки, без објаснување и простор за забелешка, со превисока толеранција на однесувањето на играчите и клупата на Работнички Скопје, третман што не го “уживаа” и оние на спротивната страна.Оваа судиска двојка важеше за една од најискусните во судиската организација, но поткрепено со видео записи може да се види дека на овој натпревар судеа без интегритет, со што тимот на Струмица беше оштетен. Во иднина за да не се случуваат вакви “лапсуси” добро би било да се воведе т.н “челенџ”, каде судиите би биле приморани да судат покоректно и да им некаква контрола на нивното работење“, велат од клубот.

Препорачуваме:

Македонија убедливо поразена од Англија, Милевски признава вина

Ване Трајков

Гимназијада во Струмица – 40 средношколски екипи во трка за првите места

Ване Трајков

Пандевци есенски прваци – јуришаат кон Прва лига

Ване Трајков