Спорт

Одбојкарките на Виктори и Наковски ги претрпеа првите порази пред своја публика

Одбојкарките на Виктори Волеј и Наковски Волеј ги претрпеа првите порази пред своја публика во годинашново првенство. Новајлијата во годинашнава сезона и најголемото изненадување Виктори Волје во салата Партизан загуби од Куманово  додека избраничките на Хари Наковски во салата при СОУ ,,Димитар Влахов,, претрпеа пораз од Јанта. И двата тима загубија со 3:2 во сетови во дуели кои беа возбудливи и неизвесни.

Во Партизан Виктори Волеј започна офанзивно. Поведоа со 2:0 во сетови и кога се мислеше дека ке дојдат до првата убедлива победа од 3:0 се случи спротивното. Куманово со многу подобра игра направи пресврт и си замина со двата бода од Струмица, оставајки им само еден на домаќинките кои има за што да жалат.

Идентично беше и во салата Димитар Влахов. Таму Наковски Волеј поведе па Јанта од Скопје возврати. Третиот сет повторно го освоија струмичанки но во следните два сета Наковски Волеј не можеше да се препознае. Со многу грешки во приемот, дозволија Јанта да ги однесе двата бода од тешкото гостување во Струмица. 

Со овие порази и двата тима остануваат во горниот дел на прволигашката табела и остануваат сериозни кандидати за плеј оф завршницата

 

Препорачуваме:

Спасе Стојанов обезбеди Европско

Ване Трајков

Беласица на Младост против Шкупи, пандевци во Турново против гипсарите, утре играат за нови победи

Струмичанецот Димитар Витанов од клубот ,,АБЦ’’ стана кадетски државен првак во кати а полека го освојува и балканот