• Wed. May 22nd, 2024

Одбојкарки на Наковски волеј ќе ги бранат боите на Македонија на квалификациите за европското кадетско првенство во Србија

ByЃ. K.

Apr 11, 2024

Одбојкарките на Наковски волеј: Ивана Милева, Викторија Трајкова и Мартина Азманова ќе ги бранат боите на Македонија на претстојните квалификации за европското кадетско првенство во Врњачка Бања Р.Србија.

Како дел од македонската одбојкарска репрезентација предводена од селекторот, тренерот Александар Митев девојките ќе имаат можност да играат на европската одбојкарска сцена.

Денес, 11 април се игра првиот натпревар против Србија во 19:00 часот, во петок за противник ја имаат Холандија а во сабота Чешка.

By Ѓ. K.