• Sun. May 19th, 2024

ОБВИНУВАЊА ОД БУГАРСКА СТРАНА ДЕКА МАКЕДОНСКОТО ЈАГНЕШКО ИМА НЕЈАСНИ ПЕЧАТИ

80 тони јагнешко месо од Македонија се најде на бугарскиот пазар пред претстојните празници. Но, од националната асоцијација на овчарство и козарство на Бугарија предупредуваат дека местото може да е опасно, пренесуваат бугарските медиуми.

Македонското јагнешко се продава за 20% поевтино , но може да е опасно.Не е јасно означено и не е проверено од бугарските санитарни власти“  вели Симеон Караколев, претседател на  Националната асоцијација на овчарство и козарство.

Месото доаѓа  од Кавадарци, од таму се извезува од Грција, а од Грција вллегува во Бугарија во три склада, велат од Националната асоцијација.  Досега во Бугарија биле  увезени 80 тони, а следните неколку дена кога ќе биде пикот на консумација и ќе достигне до 150 тони, прогнозираат од асоцијацијата и затоа според нив бугарските надлежни институции треба да забрзаат со проверките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *