• Sat. May 18th, 2024

Ново Село со камери ќе контролира кој фрла ѓубре на дивите депонии

Општина Ново Село од денеска започнува со чистење на дивите депонии на територијата на нејзината општина. Локалната самоуправа информираше дека по завршување на тендерската постапка и потпишувањето на договорот за чистење на диви депонии, од денес 16.03.20 година започна чистењето на дивите депонии во Сушица како една од најзагрозените на територијата на општината.
Општина Ново Село ќе ги чисти сите диви депонии, и истите ќе бидат ставени под видео надзор. Комуналните редари исто така ќе бидат постојано на терен, и ќе вршат контрола вон стандардното работно време и за време на викенд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *