• Thu. May 16th, 2024

Новиот прволигаш Беласица ги почна подготовките за настап во елитата

ByВане Трајков

Jun 19, 2018

Фудбалерите на Беласица ги стартуваа подготовките за новата сезона откако фудбалерите изминативе три недели работеле на индивидуални тренинг програми. Откако ќе биде проверена нивната физичка подготвеност индивидуална, од утре струмичките сино бели ќе работат по два тренинга на ден. Тренинзите во Струмица се планирани до 5 јули со што ќе биде заокружена првата фаза од подготовките. Во меѓувреме се планирани и контролни средби со Македонија Ѓорче Петров закажан на 1 и со Победа на 4 јули

Веќе од 5 јули според информациите од клубот, синобелите заминуваат на подготовки за Златибор Србија каде ќе престојуваат до 21 јули каде ќе се темпира формата пред августовскиот старт на новата сезона.

Како што е познато дресот на Беласица следната сезона ќе  носат Зоран Балдовалиев и Никола Вујанац кои од Академијата на Горан Пандев заминаа во струмичкиот синобел табор кој во Првата лига ќе го предводи Раде Цицмиловиќ

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *