• Sun. May 19th, 2024

Нови автоматизирани помагала за здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ – Гевгелија

ByЃ. K.

Sep 23, 2023

Во просториите на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Гевгелија, се изврши примопредавање на 3 набавени автоматизирани колички за лицата со инвалидитет, членови на Здружението за инвалидни лица „Мобилност“ – Гевгелија.

Задоволството на членовите на Здружението беше големо, затоа што локалната самоуправа излегува во пресрет на нивните барања за нивно нормално функционирање во општествениот живот.

Согласно барањата и потребите на лицата со инвалидитет, општина Гевгелија обезбеди:

Електромоторна инвалидска количка- скутер;

Електромоторна количка со контролна табла (џоистик) и

Електромоторен додаток за инвалидска количка.

Набавката на трите автоматизирани колички за лицата со инвалидитет беше предвидена како активност во Програмата на Општина Гевгелија за социјална заштита за 2023 година.

Од Општината информираат дека ќе ја продолжат заложбата за инклузивност и активно вклучување на лицата со попреченост во општествениот живот и во процесот на донесување одлуки на локално ниво.

By Ѓ. K.