• Tue. May 14th, 2024

Нова сообраќајна сигнализација во Општина Гевгелија

ByЃ. K.

Oct 12, 2023

Со годинашната акција на Општина Гевгелија за обновување на сообраќајната сигнализација на патната инфраструктура во општината, поставена е нова хоризонтална и вертикална сигнализација. На две фреквентни сообраќајници во Гевгелија – пред крстосницата кај Градскиот стадион и крстосницата кај Амамот, во централното градско подрачје, согласно изготвена проектна документација и елаборати, поставена е нова сигнализација. Обележани се пешачки острови, оградени со столпчиња, пешачки премини и знаци за регулација на сообраќајот, со што значително се подобрени сообраќајните услови.

Според градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, со обележувањето на целата сигнализација на патната инфраструктура во општина Гевгелија, подобро ќе се регулира сообраќајот и ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во него.

Посебно на двете крстосници, на коишто во минатото беа евидентирани голем број сообраќајни несреќи.
Годинашната набавка, покрај набавката на вертикална и хоризонтална сигнализација, вклучува машинско и рачно одбележување на улиците и други јавни површини, за што Општина Гевгелија од Буџетот за 2023 година издвои 3.480.144 денари со пресметан ДДВ.

By Ѓ. K.