Спорт

Нова победа на ракометните Астраионци, паднаа и Лазарови за петта победа

,,Астраионци,, ја прокнижаа и петата победа од Пионерската ракометна лига на Македонија и се зацврстија на лидерската позиција во својата група. Во спортската сала Парк го надиграа тимот на ,,Лазарови,, од Св. Николе со резултат 17:14. Младите струмичани покажаа цврста и борбена игра не дозволувајки му на гостинскиот тим да се надева за било каков поволен резултат кој се покажа како тврд орев а по играта и сериозен кандидат за висок пласман .

Уште од самиот старт ,,астраионци,, наметнаа темпо неиздржливо за светиниколчани. Одличната одбрана посебно на голманите ги осоколи и играчите во нападот кој ја тресеа мрежата на ,,Лазарови,, за нова и тоа петта победа во својата конкуренција.

Со ова победа струмичани се наметнуваат како најсериозни фаворити од третата пионерска група за пласман во плејофот бидејки веќе имаат постигнато над 100 голови што е реткост во пионерската лига

 

Препорачуваме:

Од готово вересија – место победа Макс Струмица со реми против Пролет

Ване Трајков

Новак откри зошто заплака на Вимблдон

Стојне Митева

Милевски: И покрај поразот треба да сме горди на фудбалерите

Ване Трајков