• Fri. May 17th, 2024

Нова градинка во валандовско Брајковци

Валандово ќе ги зајакнува капацитетите на детските градинки. Во Брајковци ќе се гради нова градинка а ќе се проширува и постоечката во Валандово. Според најавите, градинката во Брајковци ќе биде наменета за дечињата од неколку блиски населени места, а со работа треба да почне од септември.

Министерката за труд и социјална политика вели дека од особена важност е да се посвети внимание на потребите на руралните средини и да им се овозможи адекватна детска грижа на децата а на мајките да се слободни за да се вклучат на пазарот на трудот.

Министерството за труд и социјална политика освен во Валандово и Југоистокт, отвора градинки и во другите региони во руралните средини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *