Спорт

Нема струмичко финале за КУП титула, кадетите на Беласица поразени

Кадетите на Беласица не успеа да ја поминат последната пречка од КУП натпреварувањето за да играат во големото финале. По одличниот резултат во Скопје каде ремизираа со Работнички 1:1, вчера на стадионот Младост претрпеа висок пораз од 7:1. Ова значи дека паднаа во вода најавите дека во големото финале од Купот може да се сретнат екипите на Беласица и Академија Пандев. По ваквиот епилог во полуфиналните дуели за Куп титулата ќе играт пандевци со романтичарите.

За разлика од кадетите, сенироите на Беласица одамна се второлигаши. Тие на неколку кола до крајот на Третата лига исток веќе се шампиони во ова натпреварување, совладувајки го Плачковица како еден од најголемите конкуренти. Со епилог од  64 бода седум повеќе од радовишани  и 111 постигнати а 8 примени голови, Беласица од селдната сезона ќе биде во втора лига и на Младост ќе се игра второлигашки фудбал

Препорачуваме:

ФК Академија Пандев разочаран од одлуката на ФФМ – размислува за напуштање на Првата лига !

Учениците од Видое Подгорец утре играат за титулата државен првак!

Ване Трајков

Фото: Василевските ученици меѓу најбрзите, бронзени на Државното првенство

Ване Трајков