• Sat. May 18th, 2024

Населените места во општина Радовиш ќе добијат нов лик

ByЃ. K.

Sep 12, 2023

Согласно годишната програма за активности на општина Радовиш од областа на социјалата и распишаниот Јавен повик, ангажирани се 6 (шест) работници во населените места: Ињево, Воиславци, Калуѓерица, Злеово, Подареш и Ораовица, за изведување на јавни работи во рок од 5 месеци.

Се работи за невработени лица коишто не ги губат правата по основ на невработеност а ќе бидат задолжени за редовно одржување на централните подрачја, детски паркови, зелени површини, локални улици и сл.

By Ѓ. K.