• Thu. May 16th, 2024

Наковски подобар од Виктори на турнирот што го организираат за Денот на независноста

Одбојкарките на Наковски волеј многу полесно од очекувањата забележаа победа над Виктори Волеј во рамките на првиот мече од турнирот што го организираат за Денот на независноста а на кој учествува и албанскиот шампион УМБ од Тирана и Партизан од Белград Србија

Во исполнетата сала на СОУ Димитар Влахов, избраничките на Хари Наковски со 3:0 во сетови го надиграа градскиот ривал кој се обидуваше да прави резултатска рамнотежа но немаше сили да им парира.

Во првиот сет Наковски доминираше. Виктори се ,, разбуди,, во финишот, но немаа сила за пресврт и загубија со 25:23.  Во вториот сет Виктори стапи на сцена но само до средината од сетот. ,,Наковки,, направија пресврт и го добија со 25:19. Слична беше состојбата и во третиот сет кој им припадна на ,, поискусните,, со 25:17 бидејки  младите девојчиња на Виктори не најдоа решение за играта на колешките од противничкиот табор

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *